Софтверски Решенија

WWW Услуги

Брзиот, информтивен, лесен за користење веб сајт е клучот до успешниот  Интернет маркетинг. Ние го имаме знаењето, искуството и можностите да креираме таков и за Вас.
Постојат неколку клучни фактори кои мора да се исполнат за да се постигне on-line успех. Ние волонтираме да ви помогнеме во нивното исполнување:

Обезбедување на вредности

Зошто Yahoo и Amazon се толку успешни? Тие обезбедуваат огромни вредности преку своите сајтови. Вашиот сајт мора да обезбедува бесплатни ресурси, да креира чувство на заедништво и да ги истакнува вистинските вредности на вашите производи или услуги до on-line посетителите. Покажете ја вистинската вредност и оспесите ќе следат.

Квалитетна презентација

Да се обезбеди содржина, заедништво и ресурси едноставно не е доволно. Сето тоа мора да биде убаво и квалитетно презентирано. Како квалитетен се подразбира брз, чист веб дизајн кој изгледа убаво и лесно се разбира. Треба да е пријатен за гледање, но да не е напорен за разбирање. Посетителите уште на прв поглед ќе донесат споја проценка на сајтот, без разлика дали тоа ќе го направат свесно или подсвесно. Ќе продолжат со разгледување на истиот доколку навистина имаат потреба од наоѓање на некој податок на истиот или доколу сајтот го задржи нивното внимание. Добриот квалитет ќе резултира со враќање на истите посетители и повеќе сообраќај. „Добриот глас“ за Вашиот сајт и самиот ќе се рашири.

Бидете уникатни

Вашиот сајт мора да биде уникатен. Треба да поседувате нешто што никој друг го нема. Веќе е депресивно гледајки како некои се обидуваат да промовираат некои шеми од типот „збогатете се набрзина“ или реклами рекламираат исти програми како и секој друг.
Значи, ако вашиот сајт не е уникатен во поглед на следниве точки: содржина, заедништво, стабилност, комерција и презентација, тогаш тој не претставува ништо друго освен веќе слушнат говор од некој продавач.

Изградете Ваш Бренд

Зошто Yahoo! е десет пати подобро рангиран од Infoseek? Се разбира поради самиот бренд. Yahoo! или Google на пример, веќе претставуваат синоним и на самиот интернет. Amazon.com исто така изградија мошне добар глас за своето име. Сите овие компании формирале име кое луѓето лесно го паметат и удобно им е да го користат. Денес клучниот фактор за успех не е да се освои поголем дел од пазарот, туку да се освои поголем дел од „умовите“. Ова значи добро изграден бренд.

Е-Комерција

Да признаеме. E-Комерцијата „влезе на голема врата“ и нема никогаш да „застарее“. Вашиот сајт треба да има вграден потполно функционален e-commerce систем. Посетителите треба да имаат можност да купат или порачаат ваш производ или услуга во било кое време со еден клик на копче. Вашиот сајт купувањето треба да го направи брзо, лесно и интересно искуство.

Технолошки познавања

Никој не може да го постигне сето наведено без барем основни познавања или барем спремност да ги прифати најновите технолошки достигнувања. Се разбира, вие не мора да станувате програмери – ние веќе сме тоа!

Промоција

Рекламирајте! Промовирајте! Кажете му на светот за вашиот сајт! Мора да имате константна, стратешка и агресивна промоција користејки ги сите расположиви методи. Мора на сите да им се стави до знаење дека постоите и дека сте овде за бизнис. А веб сајтот е успешен, ако луѓето го посетат.

Трпеливост

Мора да бидете трпеливи и да размислувате „на долги стази“. Потребно е многу работа и заложба за да се стане успешен и тоа нема да се случи преку ноќ. Планирајте однапред, заедно со нас. Фокусирајте се на својата стратегија и правете чекор по чекор во вистинско време. Спор, но постојан и стабилен успех е многу подобар од брз, но нестабилен профит кој лесно може да се претвори во загува.

Инвестирање

Во денешново општество, за да се постигнат одредени цели, мора да се инвестира и време и пари. Доколку сте сигурни дека вашите идеи се иновативни и носат успех, не двоумете се да инвестирате во нив, па макар тоа значило и да се активираат некои инвеститорски системи „од страна“. Според интернет анкетите, во 2007 само во Европа инвеститорите вложиле околу 20 милијарди евра во околу 30.000  мали компании кои возвратиле со успех.

Ние ќе ја испорачаме вашата визија на World Wide Web

Вие обезбедувате ВРЕДНОСТ, ние – КВАЛИТЕТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА.
Вие го градите Вашиот БРЕНД, ние ќе го направиме УНИКАТЕН.
Вие ИНВЕСТИРАТЕ, ние можеме да ве ПРОМОВИРАМЕ.

Денес, за да Ви биде бизнисот конкурентен, неопходно е истиот да е промовиран на интернет, односно вашите услуги, производи или вести да бидат достапни до таа широка група на конзументи или потенциијални бизнис партнери. Користејки го долгогодишното искуство од областа на дизајнот и на web базирани апликации, нудиме пакетни решенија кои ќе ги задоволат потребите на клиентите. W3C сертификатот е доказ за XHTML валидноста на нашите страни, а ги користме најсовремените технологии како што се XHTML 1.0, PHP, Java Script, WML и имплементација на МySQL за базните решенија. Сите страни се оптимизирани за пребарувачите (SEO) и овозможуваат прелистување преку било кој browser, па дури и терминално.
Нашите хостинг пакети се одликуваат со беспрекорна сигурност, брзина, висок uptime (минимум 99%), ниски цени, 24 часа техничка подршка и квалитетен административен дел. Преносот на податоци не е ограничен, а откупениот web просторот го добивате веднаш.

Валиден xHTMLВалиден CSS