Софтверски Решенија
За нас
Сé поголемата развиеност на информатичката свест во Македонија, допринесува информатичките системи успешно да се имплементираат во сите стопанствени сектори, овозможувајки полесно и побрзо планирање, организирање и реализација на многу бизнис идеи и проекти. За жал, софтверските компании во Македонија не можат навремено да одговорат на брзото растење на потребата од наменски софтвер во разни стопански гранки. Затоа, поголемите софтверски фирми, како целни групи ги задржуваат веќе развиените и големи компании, се разбира, со цел за остварување на поголем или постабилен профит.
Софтверски Решенија ДООЕЛ е основана во 2005 год. Главна дејност на оваа фирма е производство на наменски софтвер, но се занимава и со продажба на хардвер, компјутерски конфигурации, компјутерска галантерија, видео надзор и сл. Водени од мислата дека се наоѓаме во држава која економски допрва се развива, како целна група ги задржавме малите и средни претпријатија. За изминатиов период, нашиот тим од програмери може да се пофали со квалитетни софтверски решенија, кои успешно го помагаат а и одржуваат бизнисот на повеќе од 100 наши коминтенти. Нашиот софтвер пред се се карактеризира со врвен квалитет, брзина на обработка на податоците, а можеби и најбитна карактеристика е ниската цена.
Ќе бидеме почестени доколку одвоите време и ги разгледате понудите на нашиот сајт, со што би добиле појасна слика за професионалноста на оваа фирма.
Ви благодариме за посетата на нашиот сајт.